Жената во Мене
Тимот на Здружението на граѓани Мобилноста Предизвик и Асоцијацијата за Здравствена Едукација и Истражување- ХЕРА се дел од Програмата за Зајакнување. Станува збор за програма која се одвива во две насоки, спонзорирана од Државното Одделение на САД, а се спроведува од страна на невладината организација Mobility International USA од Јуџин. Партнер организација од САД за Македонскиот тим е Центарот за Истражување за Жените со Попреченост (CROWD) од Хјустон, Тексас. Како дел од соработката, во текот на месец Септември беа одржани две работинлици за здравствени професионалци кои работат во областа на здравјето на карлицата и една работилница за жени со попреченост од Македонија на тема сексуалното здравје и репродуктивните права. Гостите од Центарот од Хјустон, Др. Софи Флечер и Клиничкиот Советник Мелиса Морисон ја споделија својата експертиза и го збогатија знаењето на професионалците и разбирањето на жените со попреченост за важноста на сексуалноста и репродуктивните права. |
Mobility Challenge in Media Јагода Ристеска за Гласот на Америка, зборува за нејзиното учество во Програмата за Решенија во Заедниците во Вашингтон ДЦ.
|