Жената во Мене
Тимот на Здружението на граѓани Мобилноста Предизвик и Асоцијацијата за Здравствена Едукација и Истражување- ХЕРА се дел од Програмата за Зајакнување. Станува збор за програма која се одвива во две насоки, спонзорирана од Државното Одделение на САД, а се спроведува од страна на невладината организација Mobility International USA од Јуџин. Партнер организација од САД за Македонскиот тим е Центарот за Истражување за Жените со Попреченост (CROWD) од Хјустон, Тексас. Како дел од соработката, во текот на месец Септември, 2013 беа одржани две работинлици за здравствени професионалци кои работат во областа на здравјето на карлицата и една работилница за жени со попреченост од Македонија на тема сексуалното здравје и репродуктивните права. Гостите од Центарот од Хјустон, Др. Софи Флечер и Клиничкиот Советник, Мелиса Морисон ја споделија својата експертиза и го збогатија знаењето на професионалците и разбирањето на жените со попреченост за важноста на сексуалноста и репродуктивните права. Повеќе |
Мобилноста Предизвик во Медиумите Јагода Ристеска за Гласот на Америка, зборува за нејзиното учество во Програмата за Решенија во Заедниците во Вашингтон ДЦ.
Интервју за емисијата Панта Реи на Македонското Радио, Радио Скопје на Јасмина Ристеска и Др. Софи Флечер за Проектот "Жената во Мене". |